| четврток, 6 декември 2018 |

Девојката што со молк протестира: Дали некој сака да ме ожени?

jelena-topic-foto-prijedor24com-1382448717-385343

Дали некој сака да ме ожени – напиша на транспарент Јелена Топиќ која цел месец стои и молчи на плоштад во Приедор  во Република Српска.

-Да не сум оженет радо би. Издржлива е и уверен сум дека ќе има неколку брачни понуди -рекол еден случаен минувач.

Еден постар минувач кој се претставил како Ратко Бокан пред нозете на Јелена оставил писмо и на него ставил камен за ветрот да не го однесе . Тој изјавил дека сака Јелена да знае дека е на нејзина страна.

Девојката со огледало во рака стои на истото место без разлика на временските услови и гледа само во една точка. Јелена Топиќ веќе еден месец  и „гласно молчи“ во знак на протест што е дипломирана, а невработена.

– Нејзината порака преку молчење е уште погласна во време кога насекаде владее галамата – вели локалниот уметник за босанските медиуми, кој во протестот на Јелена гледа современа уметност. Таа секој ден доаѓаше во центарот на градот и наплоштадот поставуваше кутија на која стоеше по цел ден гледајќи во една точка. Сите се интереисраа за што протестира но таа никогаш не ги откри мотивите за тоа. Дел од граѓаните ја поддржуваат но има и такви кои се прашуваат, дали е се во ред со неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top