| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ ја напушти седницата во Карпош – револт за аспењето на Шиповиќ

sipovic

Советницити на СДСМ во општина Карпош денеска ја напуштија  седницата во знак на револт заради приведувањето на претседавачот на Советот во општина Центар, Мирослав Шиповиќ. тие посочија дека „нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски со институционално насилство да ја преземат контролата во општина Центар“.

Градоначалникот Стевче Јакимовски не се согласи со ставот на своите поранешни сопартијци. според него СДСМ не треба да даваат поддршка на човек кој сѐ уште ја нема докажано својата невиност во судски случај.  Јакимиовски упати критика и до неговиот колега, првиот човек на Центар, Андреј Жрновски.

На истата седница советниците од Српската напредна странка преминаа во партијата  ГРОМ. Инаку Стевче Јакимовски се кандидираше за градоначалник како кандидат на СНП .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top