Македонија има прочистен Избирачки список, а експертот од ОБСЕ треба да направи методологија за негова проверка, најави пред работната група Бедредин Ибраими, член на Државната изборна комисија. Според податоците до 17 октомври оваа година, во ажурираниот Избирачки список има запишано 1.779.605 гласачи.
Експертот од ОБСЕ Џон Арон рече дека допрва ќе изработува методологија за ревизија на Избирачкиот список и оти за таа цел претходно ќе се сретне со релевантните институции и со политичките партии. Според него, нема конкретен датум за изработка на методологијата, би ја изработил за, како што рече, неколку недели или еден месец.
– Ревизијата не е промена на Избирачкиот список, ќе препорачам стратегија која работната група може ќе ја прифати за да направи ревизија на Избирачкиот список, изјави експертот на ОБСЕ Арон, кој проверката на Избирачкиот список, поради чуствителните лични податоци ќе може да ја прави само во Државната изборна комисија со присуство на државен службеник.
Според претставникот на СДСМ, партискиот потпретседател Дамјан Манчевски, самото присуство на експерт од ОБСЕ значи дека постои проблем со избирачкиот список, а потоа оцени дека во Македонија не постои политичка волја за одржување на попис, а во однос на теренската проверка клучен фактор е кој ќе ја спроведува ваквата проверка. Повторно го афирмираше предлогот гласачите обележани со ѕвезда во избирачкиот список, кои не живеат во Македонија да бидат издвоени во посебен список, како и оној за измени на законот за престојувалиште.
Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Илиоски смета дека Македонија има пречистен Избирачки список и оти ревизијата која се предлага е многу нормална и треба да се спроведува на дневна основа. Смета дека теренската контрола не претставува проблем и вели дека треба да се избере начин за поадекватно нејзино спроведување иако, според него, увидот во избирачкиот список е посоодветен. Сепак, Илиоски предупреди дека гласачкото право е уставно право за граѓаните на РМ, а не должност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот


