Вчера попладне на автобуската постојка кај железничката станица, на 22- годишната С.Р. од Скопје ѝ пристапиле две непознати лица. Тие ѝ рекле дека не се од Скопје и ја прашале дали сака да им покаже каде се излегува и каде се прават забави во градот.
Наивната девојка влегла во нивното возило „форд фиеста“ со скопски регистарски таблички и, според нивниот договор, требало да заминат накај скопскиот парк, но, наместо таму, тие се упатиле накај Водно. На патот за Водно во еден момент истите го запреле возилото, по што С.Р. успеала да избега и го пријавила случајот во полиција.
Приведени се две лица, И.К. и С.П., и двајцата на 29 годишна возраст од Скопје, а по целосното расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за киднапирање на дедото на Јелена Ѓоковиќ
-
Го киднапирале од улица „Јуриј Гагарин“ и го чувале во стан поради наводен долг
-
Киднапирање во тетовско: Му го грабнале зетот, па му барале откуп за да го ослободат
-
Киднапирање во село Љубош: Со вреќа на главата го фрлиле во комбе, па се разбудил во Батинци