| четврток, 6 декември 2018 |

Предвремени избори: се типуваат датуми

Два македонски медиуми денеска повикувајќи се на неименувани извори и на свои анализи, предвидуваат предвремени парламентарни избори во земјава.

izbori-2Весникот „Вест“ повикувајќи се на извори од скопските, но и од општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ под наслов „Парламентарни и претседателски во ист ден во 2014!“ пишува дека предвремени избори ќе има, но догодина, во ист ден со претседателските.

Оваа шпекулација веќе извесен период кружи во политичките кулоари.

Инаку, премиерот Никола Груевски ја отфрли варјантата парламентарните избори да се одржат истовремено со претседателските догодина. Од ВМРО- ДПМНЕ за сега стојат цврсто  на ставот парламентарните избори да се одржат во редовниот термин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top