СДСМ останува на усната пријава за министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска за проектот „Скопје 2014“. Иако таа најави дека ќе поднесе пријава и правдата „за нанесената клевета“ ќе ја бара на суд, од СДСМ велат:
– СДСМ во континуитет во изминатиот период ги охрабрува државните институции во целост да ги преземаат своите законски ингеренции и да постапуваат во согласност со законот без оглед за кое лице станува збор. Поднесената усна кривична пријава, всушност, е обид за будење на јавното обвинителство на Република Македонија.
Потоа додаваат дека повеќе од очигледно било дека со заканите за судски постапки ВМРО-ДПМНЕ одлучило да влезе во дебата со СДСМ на „единственото место каде што се чувствуваат сигурни – тоа се судовите“.
– СДСМ никогаш нема да избегне да се соочи со кој било функционер на ВМРО-ДПМНЕ и на Владата на РМ. Поголемиот проблем што се појавува е, соочени со стравот, па макар и судско соочување, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, конкретно министерката Канческа – Милевска, очигледно, не избира ниту место ниту време каде да даде соодветни изјави и најавите за евентуални покренувања на судски постапки ги дава пред малолетни деца, што очигледно многу зборува за нивото на политичка култура на госпоѓата Канческа – Милевска – велат од опозиционата партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов: Свесен сум дека станав таргет за потсмев, но мора да ја поставиме целта па да одиме понатаму
-
Шилегов: Влегувањето на Скопје во втората фаза за најзелена престолнина на Европа е знак дека сме на добар пат!
-
Шилегов ја откажал посетата во Будимпешта
-
Судијата не дојде, одложено судењето на Канческа-Милевска