| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран Маџиров на „Јас имам талент“ во Италија

Струмичкиот перкусионист и виртуоз, познат по неговите необични музички изведби на пипиња, Зоран Маџиров, го презентираше својот талент пред италијанската публика.

Маџиров беше дел од италијанската верзија на „Јас имам талент“ и ги занеме не само жирито, туку и сите гледачи на популарното шоу. Тој ја помина првата аудиција и наскоро ќе настапи на полуфиналето.

– Јас лично не се пријавив за шоуто и не поминував низ претквалификациите, пробните снимања, разговорите. За некои тоа трае и по две години. Јас гостував на еден фестивал оваа лето во Болоња и Ферара од каде што и ме собраа. Бев значи поканет директно во осминафинале од каде што продолжив да се натпреварувам. Размислувајќи дали да одам или не, се прашав што бараат големи и реномирани, странски и наши национални артисти, декани и професори по Евровизии, Шоу-Кејсови и слично? Вистина е дека не сум баш од вчера на сцената, меѓутоа јас мојата кариера ја доживувам како игра. Така што овој дел од играта ми направи чувство да сум на почетокот и да ви кажам дека се чувствувам прекрасно, како дете – изјави Маџиров за Струмицанет.

На „Италија има талент“ биле пријавени повеќе од 32.000 учесници. Нашиот Зоран Маџиров најави дека за полуфиналето подготвува специјално изненадување за публиката и за жирито на шоуто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top