| четврток, 6 декември 2018 |

Металург во хуманитарна акција: Дајте му шанса на Јоце

Ракометниот клуб Металург ја продолжува традицијата на организирање хуманитарни акции и помагање на оние на кои им е најпотребна нашата безрезервна помош.

Јоце е момче на 24-годишна возраст, кој боледува од церебрална парализа и се лекува во Москва. Третманите се исклучително скапи и затоа Металург одлучи да му помогне на неговото семејство во борбата за обезбедување на потребните средства за лекување на Јовица Блажевски.

За таа цел на натпреварот од осмото коло од СЕХА-лигата меѓу Металург и словачкиот шампион Татран Прешов, дел од средствата собрани од продажба на влезниците ќе бидат донирани за реализација на потребниот третман над Јоце, кој требаше веќе да биде реализиран во клиниката „Неуровита“ во Москва.

Натпреварот против Татран Прешов ќе се одигра на 25.10.2013 година (петок) со почеток во 20.15 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 22.10.2013 година вторник, на сите продажни места на „Купи карти за сѐ“, по цена од 60 денари.

Исто така, за сите оние што сакаат да донираат средства, може да го направат тоа на телефонскиот број 070/143-113 .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top