| четврток, 6 декември 2018 |

Сабатини: Намерно губев во полуфинале

Поранешната аргентинска тенисерка Габриела Сабатини призна дека во младоста многу често намерно ги губела мечевите само за да не дава изјави пред новинарите.

-Кога бев млада и кога мислев дека ќе треба да давам интервју по освојувањето на турнирот, многу често намерно губев  во полуфиналето. Тоа беше многу лошо. И на училиште имав проблеми бидејќи бев многу повлечена – вели 43-годишната Сабатини.

– Бев многу нервозна од самата помисла дека ќе треба да давам интервју. Кога бев мала, ако го загубев првиот сет, кревав раце од мечот и бев многу лута на себе што не сум го освоила – додаде Сабатини.

Поранешната трета тенисерка на светот во 1990 година го освои турнирот ОП на Америка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top