| четврток, 6 декември 2018 |

Голот на Арсенал против Норич – спектакуларна минијатура во седум потези (видео)

Џек Вилшир од Арсенал го постигна најубавиот гол викендов, а акцијата за водство на „топчиите“ против Норич е спектакуларна минијатура во седум потези. Санти Казорла, Оливие Жиру и стрелецот Вилшир одиграа брилијантен низ на атрактивни потези со по еден допир, а особено беа убави за око, петиците на Жиру и на Вилшир. Акција за сите вкусови и рутинска реализација на играчот од средниот ред на Арсенал. И третиот погодок на Арон Рамзи во победата на лондончани од 4-1 беше ремек-дело, за уживање на симпатизерите на лидерот во Премиерлигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top