| четврток, 6 декември 2018 |

Аналитичарите прогнозираат – жешка политичка зима

vmro-dpmne-sdsmНеколку денови по објавата на извештајот на ЕУ во кој Македонија доби петта препорака за преговори, политичкиот контекст во земјава повторно укажува дека следуваат бурни настани. Во пресрет на изборната 2014 година, а на чекор од носењето на буџетот за догодина, настан што сега привлекува внимание поради ланските инциденти, познавачите за еВести велат дека насетуваат жешка зима. Ставот го правдаат со оставката на претседателот на ДИК од СДСМ, Борис Кондарко, најавата дека опозицијата нема да гласа за ребалансот на буџетот, неизвесноста како во собранието ќе се носи следниот. Аналитичари велат дека во услови пред избори клучните политички актери треба да се посветат на изборните програми а да не се губи дополнително време за блокади и местења како што се претпоставува дека почна опозициската битка.

Нов предлог за ДИК што поскоро

Во потегот да поднесе оставка претседателот на ДИК, неколку месеци пред избори, познавачите препознаваат обид на СДСМ кој и го предложи, да ги усложни политичките конотации во земјата. Велат дека ако партијата брзо не даде нов предлог тоа дефинитивно и ќе го потврди.

-Во овој случај сметам дека апсолутно со ништо не е испровоцирана опозицијата од страна на власта за одлуката која сака да ја донесе и затоа сметам дека не би требало да има никакви консеквеции по однос на ова. Многу е важен моментот на избори во оваа ситуација. очигледно дека опозицијата не е подготвена за избори, смета Божиновски.

Кондарко ја поднесе оставката и наведе дека е од лични причини. Од СДСМ најавија дека ќе предложат нов човек, но аналитичарите велат дека тоа не треба да се очекува, имајќи ги в предвид и претходните потези на опозицијата, кога Александар Новаковски исто така поднесе оставка пред избори.  За премиерот Груевски, Кондарко си заминал по налог на партискиот шеф Зоран Заев кој претходно и ја најави оставката во своето последно интервју.

– Се гледа дека човекот кого што Заев го нарекува идеолог на партијата, станува збор за Црвенковски, сѐ уште владее со таа партија. Неговите методи се присутни. Неговиот начин на работење е познат. Тоа што тој го правеше како претседател сега Заев истото го повторува, го следи, ги следи неговите препораки. Веројатно наредбата е од таму дојдена бидејќи се препознава по чекорот, со тоа уште еднаш се потврдува дека во СДСМ нема никакви промени и дека повторно раководи со истите деструктивни методи со кои што претходно работеше, истакна премиерот Никола Груевски.

Партиите на терен

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека планираат проактивна зима во која најавуваат низа средби со граѓани и нови реформски мерки. Владејачката партија веќе континуирано неколку месеци  постојано има  разговори со членството во партијата но и дебата со неопределените граѓани. Партискиот карван неколку пати ја прелистува секоја педа од земјава, нема дилема дека подготовките  за избори на големо се водат. Ваквиот пристап се потврдува и на акетите  во кои владејачката партија води 3:1 од опозицијата. Трибините кои ги води лидерот Груевски е пракса која ја тера уште од 2006 -та па се од денеска.

-Овие 7 години покажавме на дело што значи да се внимава на сопственото работење. За првпат со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ се воведе пракса за преиспитување на довербата на мандатите во време на мандатоот. Тоа е проектот на нов бран со кој минатата година 150 позиции беа заменети со нови лица. Тоа се лица кои дале допринос, но во последниот период покажале замор или друга потреба да бидат заменети со други кои ќе дојдат со нова енергија и ќе продолжат посилно да се грижат за потребите на граѓаните, рече Груевски во Битола.

Од друга страна опозицијата  демонстрира став од избори, со што расте несигурноста  кај членството но и кај неопределените граѓание, сметаат експертите кои ги консултираше еВести. Оставката на Кондарко е стратегија на која СДСМ еднаш се сопна и изгуби на избори. Ексертите велат дека опозицијата е во паника! Сѐ уште не можат да најдат методологија како да им се спротистават на власта но и како да им се доближат на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top