| четврток, 6 декември 2018 |

Слета првиот авион на Ер Србија (видео)

air serbia2

Првиот авион Ербас А319 на компанијата Ер Србија слета вчера на белградскиот аеродром Никола Тесла. Авионот на аеродромот го дочекаа бројни новинарски екипи, а слета околу 13 часот во придружба на два авиони на Војската на Србија, Миг 29.

Леталото на новооснованата компанија Ер Србија долета од Дизелдорф каде што беше на фарбање и е првиот авион на авиокомпанијата кој што е изнајмен за нејзинит потреби Компанијата Ер Србија почнува официјално да работи на 26 октомври, кога е планиран лет за Абу Даби.

Формирана е како заедничка компанија на српската влада и националнага авиокомпанија на Обединетите арапски емирати, Етихад, каде што Србија има 51% од акциите. Со тоа практично престана да работи дотогашната српска национална авиокомпанија Јат ервејз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top