| четврток, 6 декември 2018 |

СТАРИ ФОТОГРАФИИ: Тетово

Град, луѓе, идеи. Улици, живот и неповторливи сцени. Разгледуваме стари фотографии од Тетово од збирката на Бранислав Светозаревиќ, магистер по историја со архивистика, и колекционер - филателист и картофилист

 

Два Бреста. Месноста Два Бреста се нарекува според двата бреста на фотографијата, кои беа занак за препознатливост на тоа маало, се' до 1980-тите години, кога брестовите од цела Европа ги зафатила болест, од која настрадале и славните тетовски два бреста

Два Бреста. Месноста Два Бреста се нарекува според двата бреста на фотографијата, кои беа занак за препознатливост на тоа маало, се’ до 1980-тите години, кога брестовите од цела Европа ги зафатила болест, од која настрадале и славните тетовски два бреста

Старата гимназија. Познатата тетовска стара гимназија била изградена во 1909 година. Низ историјата, зградата четириесетина годни била медицинско училиште. Денес е повторно - гимназија

Старата гимназија. Познатата тетовска стара гимназија била изградена во 1909 година. Низ историјата, зградата четириесетина годни била медицинско училиште. Денес е повторно – гимназија

Црква „Света Богородица - Хтетовска“. Се наоѓа во Горно Маало, каде што била изградена во 11 век. Со нејзината изградба почнал развојот на селото Хтетово, од кое од 15 век наваму почнал да се развива градот Тетово

Црква „Света Богородица – Хтетовска“. Се наоѓа во Горно Маало, каде што била изградена во 11 век. Со нејзината изградба почнал развојот на селото Хтетово, од кое од 15 век наваму почнал да се развива градот Тетово

Тетовска градска архитектура. Куќи од 19 век, изградени во стилот на македонската градска архитетура, кај кои се забележителни и локални специфики. Во една од куќите на фотографијата некогаш живеел македонскиот сликар од првата генерација, Лазар Личеноски

Тетовска градска архитектура. Куќи од 19 век, изградени во стилот на македонската градска архитетура, кај кои се забележителни и локални специфики. Во една од куќите на фотографијата некогаш живеел македонскиот сликар од првата генерација, Лазар Личеноски

Тетовската чаршија. Најмалку три пати во целост го изменила својот лик. Најстариот, отоманскиот - кога настрадала во големиот пожар во 1925 година. На фотографијата е веќе обновена, со тврда градба, сосем различна, во европски, неокласичен стил. Третиот лик, денешниот, го добила во 1960-тите години, кога сите објекти во центарот на градот биле урнати до темел, за да се изгради широк мермерен плоштад, „одраз на социјалистичкиот развој“

Тетовската чаршија. Најмалку три пати во целост го изменила својот лик. Најстариот, отоманскиот – кога настрадала во големиот пожар во 1925 година. На фотографијата е веќе обновена, со тврда градба, сосем различна, во европски, неокласичен стил. Третиот лик, денешниот, го добила во 1960-тите години, кога сите објекти во центарот на градот биле урнати до темел, за да се изгради широк мермерен плоштад, „одраз на социјалистичкиот развој“

Центарот на Тетово со Тупан Џамија. Во 1960-тите, кога бил преуредуван плоштадот, настрадала и мермерната џамија, меѓу тетовчани позната како „Тупан Џамија“

Центарот на Тетово со Тупан Џамија. Во 1960-тите, кога бил преуредуван плоштадот, настрадала и мермерната џамија, меѓу тетовчани позната како „Тупан Џамија“

Тетово од шеесеттите години на 20 век. Плоштадот кон крајот на 1950-тите години. На фотографијата се гледа возило од тоа време, а во позадината е градскиот парк со фонтана

Тетовската жичница. Жичницата била изградена во 1960-тите години, како најдолга жичница на Балканот, поврзувајќи ги Тетово и Попова Шапка. Во времето кога била изградена била една од најголемите туристички атракции во тогашна Југославија. За време на изградбата, сајлите биле носени на раце од тетовската железничка станица, на секој метар по еден човек

Старата општинска зграда. На местото на денешниот Центар за култура „Иљо Антески – Смок“ некогаш била подигната старата мелница на семејството Благојевиќ. По големиот пожар од 1925, на нејзиното место било изградено „Градското поглаварство на Тетово“. Од 1941 година, за време на Втората светска војна, зградата била седиште на италијанската Потпрефектура Тетово. По ослободувањето, била седиште на Општина Тетово.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top