| четврток, 6 декември 2018 |

Ја убил бремената сопруга и уште шест нејзини роднини

Кинеската полиција уапсила човек осомничен дека со нож ја убил бремената сопруга и шест нејзини роднини.

Според пишувањата на локалните медиуми, осомниченот 25-годишниот Ма Јонгдонг во понеделникот се скарал со сопругата Лан Сиаохонг, која била во шестиот месец од бременоста.

Подоцна истиот ден, тој дошол во куќата на нејзините родители и во едно село во областа Пенгјанг и се расправал со роднините по што со нож избодел седум лица.

Жртвите се Лан, нејзините родители, бабата и дедото и две внуки на возраст од четири и една година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top