Пет дена се трага по телото на 56 – годишниот Раде Трајков, кој пред пет дена се удави во водите на Тиквешкото Езеро.
Во потрагата на рибарот два дена беа вклучени нуркачи од специјалната екипа при МВР, а еден ден подоцна им се придружија и тројца членови од нуркачката група Врело од Скопје.
Матната вода и големите треви им предизвикуваат потешкотии, па поради тоа потрагата е прекината.
Сега најверојатно надлежните ќе чекаат водата сама да го исфрли телото на кавадарчанецот, a за тоа време семејството организирано продолжува со потрагата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.