| четврток, 6 декември 2018 |

Канческа-Милевска: Не сме поврзани со Општина Центар за „Скопје 2014“

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во интервју за „Утрински весник“ потенцира дека министерството нема никаква поврзаност со Општина Центар во делот на проектите од „Скопје 2014“.

–  Затоа ми е чудно што градоначалникот Жерновски бара мораториум на објектите. Немаме ниту локална институција која е во надлежност на Општина Центар, локалните институции кои се во градот се под надлежност на Град Скопје – вели таа.

– Изградбата на Стариот театар, музејскиот комплекс, Спомен-куќата на Мајка Тереза, Портата, скулптурите кои ги поставувавме, концертната сала на Филхармонијата не зависи од Општина Центар, таа општина нема надлежност за проектите на Министерството за култура, тие се надлежни само за изградбата на спомениците, кои се дел од проектот „Скопје 2014“. Градоначалникот има обврска да реализира поголем број проекти кои се во полза на граѓаните, а не да се занимава со проекти кои не се во негова надлежност. Затоа и реков, ако Жерновски смета така, може слободно да нѐ даде на суд – истакнува министерката.

Таа додава дека работата на Министерството за култура е јасно прецизирана со Законот за култура и сите останати законски прописи во нашата земја.

Почитувањето на Законот, на законските процедури и реализирањето на програмата за работа на Министерството се основните принципи во работењето на оваа институција. Би било несериозно дури и да се помисли дека функционирањето на едно министерство би било доведено во прашање или попречено во својата работа поради различната политичка припадност на одреден градоначалник, нагласува Kанческа-Милевска, додавајќи дека по однос на сите обвинувања оптина Центар нема поднесно никаква тужба до Министерството за култура.

Целото интервју може да го погледнете во „Утрински весник“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top