Македонскиот режисер Милчо Манчевски доби покана од лидерот на групата „Арестед девелопмент“ да го работи видеоспотот за песната „Ego“ од нивниот нов албум, кој ќе биде промовиран пред Нова година.
Соработката на Манчевски со хипхоп-групата „Арестед девелопмент“ потекнува уште од времето на нивниот прв албум. Манчевски го режираше првиот, и најуспешен, спот на групата за песната „Tennessee“. Тој спот доби награда на „Ем-Ти-Ви“ за најдобар спот, како и награда на стручното списание од музичката индустрија „Билборд“. Манчевски доби и платинска плоча за овој спот, а легендарното списание „Ролинг стоун“ го вброи меѓу стоте најдобри музички спотови во историјата.
„Арестед девелопмент“ е американска алтернативна хипхоп-група од осум члена, а спиритуалниот водач Баба Оје со своите 77 години се смета за најстариот музичар што се занимава со хипхоп.
Работеле и со филмскиот режисер Спајк Ли на филмот базиран на животот на Малколм Џи и ја снимија песната „Revolution“, која се појави на саундтракот за филмот. По кратката разделба во средината на 90-тите години поради креативни разлики, групата повторно се собра и работи активно до денес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


