Преубавата манекенка Алесандра Амбросио ја раскина свршувачката со Џејми Мазур. Како што пренесува порталот „Радар онлајн“, прекинот бил договор меѓу двајцата.
– Венчавката е откажана и тие живеат одвоено. Тие останаа во пријателски однос исклучиво поради децата, па така поради нив ќе поминуваат време заедно, но венчавка сигурно нема да има – вели близок извор.
Како што пишуваат медиумите, капката што ја прелила чашата било тоа што го видела Џејми како вози со нивниот син во скутот. Но, нивни пријатели велат дека подолго време нив не им цветале ружи.
Двојката се венчаше во 2008 година, а, покрај синот Ноа, имаат и постара ќерка Ања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


