| четврток, 6 декември 2018 |

Капело: Бразил и Аргентина се главни фаворити

Селекторот на репрезентацијата на Русија, Фабио Капело, рече дека Бразил и Аргентина се главни фаворити за освојување на Светското првенство, кое ќе се одигра наредната година.

– Бразил и Аргентина се главни фаворити. Во вториот ред како најсериозни кандидати за освојување на мундијалот ги гледам Германија и Шпанија. Италија е во третиот ред со Холандија. По сите тие гледам некоја африканска репрезентација, но сѐ уште не знам која- вели Капело.

Колумбија би можела да изненади. Мислам дека освојувањето трофеј би било премногу за нив. Тие се млади, имаат таленти и свесни се за нивниот потенцијал, додаде Капело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top