Полските јуниори на возраст до 17 години беа подобри од врсниците од Македонија и победија со 3-2 во првиот квалификациски натпревар игран во Скопје, за пат на Малта на ЕП 2014. Со головите на Аломеровиќ во првото полувреме и на Крстевски на стартот од вториот дел поведовме со 2-0, но и тоа не беше доволно за успех. Козак во 50. минута намали на 1-2, а со два гола во финишот Сиемашко ни ги урна надежите за добар резултат. Во вториот натпревар од оваа група Белгија со 2-0 ја победи Бугарија. Задутре играме со Белгија, а циклусот од три натпревари го завршуваме со меч против Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


