Тројца Французи и двајца млади професионални тенисери, еден Романец и еден Германец, се притворени во Грција под сомнение дека силувале американска тенисерка за време на турнир во Грција.
Според француските медиуми инцидентот се случил на 3 октомври, на забава организирана во хотел за време на меѓународен турнир во тенис во градот Маратон, во близина на Атина. Американката пред полицијата изјавила дека имала доброволен сексуален контакт со Романецот, но потоа била силувана од тројцата Французи и Германецот.
Обвинетите едногласно ги одбиле наводите од тужбата. Тврдат дека завршиле во затвор за нешто што не го направиле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


