| четврток, 6 декември 2018 |

Јубилејни 15 години на „Таксират“

Петнаесет години по ред Скопје во декември го снаоѓа нов „Таксират“. Наш „таксират“ е повторно да славиме... во име на музиката.

За време на своето постоење, „Таксират“ успеа да создаде сопствен бренд со својата константна публика од 15.000 посетители. Судејќи по интересот на публиката, често оваа бројка можеше да биде и поголема доколку тоа го дозволуваше капацитетот на фестивалот. Денес „Таксират“ е препознатлив настан кој ги промовира музичките артисти од домашната и светската сцена и кој, покрај домашната публика, привлекува повеќе од 3.000 странски посетители на своите изданија.

Доволно е да се каже дека фестивалот пречека повеќе од 400.000 посетители на досегашните изданија на главната фестивалска вечер и концертите во оф-програмата. Многу бендови првиот чекор во записот на современата македонска музичка сцена го направија токму со „Таксират“ – единствениот фестивал од Македонија кој ја освои наградата „Green’N’ Clean“ (2011), организирана од Европската фестивалска асоцијација YOUROPE и веќе пет години по ред е номиниран за најдобар мал фестивал (Best small festival) и најдобар фестивал кој се одржува во затворен простор (Best indoor festival) во изборот за европските фестивалски награди (Europe Festival Awards).

Оваа номинација и годинава стигна на адресата на „Таксират“. Гласањето за годинашните награди е отворено сѐ до 1 ноември 2013 година, а својот глас можете да го дадете на овој линк http://euvoting.festivalawards.com.

Како награда можете да освоите влезници за некои од најдобрите фестивали во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top