За време на своето постоење, „Таксират“ успеа да создаде сопствен бренд со својата константна публика од 15.000 посетители. Судејќи по интересот на публиката, често оваа бројка можеше да биде и поголема доколку тоа го дозволуваше капацитетот на фестивалот. Денес „Таксират“ е препознатлив настан кој ги промовира музичките артисти од домашната и светската сцена и кој, покрај домашната публика, привлекува повеќе од 3.000 странски посетители на своите изданија.
Доволно е да се каже дека фестивалот пречека повеќе од 400.000 посетители на досегашните изданија на главната фестивалска вечер и концертите во оф-програмата. Многу бендови првиот чекор во записот на современата македонска музичка сцена го направија токму со „Таксират“ – единствениот фестивал од Македонија кој ја освои наградата „Green’N’ Clean“ (2011), организирана од Европската фестивалска асоцијација YOUROPE и веќе пет години по ред е номиниран за најдобар мал фестивал (Best small festival) и најдобар фестивал кој се одржува во затворен простор (Best indoor festival) во изборот за европските фестивалски награди (Europe Festival Awards).
Оваа номинација и годинава стигна на адресата на „Таксират“. Гласањето за годинашните награди е отворено сѐ до 1 ноември 2013 година, а својот глас можете да го дадете на овој линк http://euvoting.festivalawards.com.
Како награда можете да освоите влезници за некои од најдобрите фестивали во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.