| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен и притворен претседателот на УО на „Млаз Богданци“

mlaz bogdanci avtobus

Управата за финансиска полиција до Обвинителството на Велес поднесе кривична пријава за В.П. (65), претседател на УО на „Млаз“ – Богданци, поради сомневање дека направил злоупотреба на службената положба и овластувањата предизвикувајќи штета на претпријатието во износ од нешто повеќе од 16 милиони денари, соопшти Управата.

Истражен судија денеска на В.П. му определи мерка домашен притвор во траење од 30 дена.

Во октомври минатата година правните субјееткти Romnakis A.Sinodis и Romnakis S. Athanasios, со седишта во Солун, откако претходно отвориле истоимена фирма во Скопје, на која овлатен потписник е ќерката на В.П. побарале дозвола за парични побарувања од „Млаз“ за перидото 2003 – 2009 година. Решенијата заверени на нотар ги потпишал В.П. иако знаел дека дел од побарувањата веќе биле наплатени, а дел застарени, со што сторил финансиска штета за претпријатието „Млаз“ – Богданци, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top