Силвестер Сталоне призна дека го мразел Арнолд Шварценегер, а конкуренцијата меѓу нив двајца била страшна.
– Тој ќе имаше поголема пушка, јас ќе убиев повеќе луѓе. Па, тој ќе убиеше повеќе луѓе – вака сликовито објасни Сталоне на гостувањето кај Дејвид Летерман.
Покрај тоа што сега Арнолд и Сталоне се добри пријатели, некогаш не се сакале баш толку.
– Се замразивме. Дали си го осетил тоа чувство кога имаш непријатели кои те тераат да бидеш најдобар, чув дека си – рече Сталоне обраќајки му се на Летерман.
– Што ќе кажеше Шварценегер, тоа ме тераше да напредувам – додаде Сталоне.
На прашањето што му сметало најмногу кога е во прашање „терминаторот“, Сталоне кратко рекол:
– Тоа што постои.
Сепак, двајцата ги закопаа секирите и сега добро се сложуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.