Во сообраќајната несреќа во Полска загинал водачот на навивачката група Ljuti Krajišnici, Хасиб Махимиќ. Амбасадата на БиХ во Варшава добила официјална информација за сообраќајната несреќа која се случила на 150 километри од Полска. Махимиќ, заедно со уште двајца навивачи, Вилдан Пехиќ и Алмир Касумовќ, се враќал од Литванија, каде што фудбалската селекција на БиХ со победа над домашниот тим се пласираше на СП во Бразил.
Во последната изјава дадена непосредно пред вчерашниот меч тој вели:
– Се надевам дека сите во мир и веселба ќе се вратиме во БиХ, живи и здрави, дека ќе нема сообраќајки бидејќи денеска на патиштaтa имаше многу сообраќајки. Само сакаме среќни и мирни да се вратиме дома, кај семејствата и да го прославиме Курбан-бајрам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)