| четврток, 6 декември 2018 |

Мајк Тајсон е на работ на смртта

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Мајк Тајсон призна денеска дека се наоѓа на работ на смртта поради постојаните проблеми со алкохолот и дрогата.

-Не сакам да умрам, иако се наоѓам на работ на смртта. Веќе шест дена не сум пиел алкохол, ниту сум конзумирал дрога, што за мене е вистинско чудо. Сакам да го променам сопствениот живот и да бидам чист, изјави Тајсон на прес-конференција.

Еден од најдобрите боксери на сите времиња призна дека ги лажел сите околу себе дека е трезен и оти три пати бил на рехабилитација.

Тајсон за време на кариерата оствари 50 победи, од кои во 44 ги нокаутираше противниците и претрпе шест порази.

Постојано имаше проблеми со законот, а во 1991 година мина три во затвор поради силување на 18-годишната Дезир Вошингтон.

Тој ќе остане запаметен и по неверојатната постапка, кога во 1997 година му одгриза дел од увото на Ивандер Холифилд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top