| четврток, 6 декември 2018 |

Годишен извештај за слободата на патувањето: Македонија на 38 место

Британците имаат најголема слобода за патување на планетата. Заедно со државјаните на Финска и Шведска, оние кои имаат пасош од Обединетото Кралство може да посетат 173 земји без да имаат потреба од виза.

Годишниот извештај направен од „Хенли енд Партнерс“ ги сместува земјите на листа според бројот на земји кои нивните жители може да ги посетат само со пасош.

Резултатите докажуваат дека членството во Европската Унија е клучна работа која ја одлучува слободата на движење преку границите. Девет од десетте земји кои се најдоа највисоко на листата се членки на Европската Унија: Данска, Германија, Луксембург, Белгија, Италија и Холандија, како и споменатите водечки три. САД е единствената земја во првите десет која е надвор од Европа. Жителите од сите овие земји може да патуваат во повеќе од 170 нации без виза.

Последните на листата се истите од претходните години. Пакистан и Сомалија се на трето најлошо место, со само 32 земји кои може да ги посетат без виза. Државјаните на Ирак може да отидат во 31 земја без виза, додека најзагрозената земја е Авганистан, чии жители може слободно да посетат само 28 земји.

Бугарија и Романија се многу подолу на листата во споредба со останатите членки на ЕУ. Русите може да посетат 95 земји без виза, една повеќе од жителите на Турција и Јужноафриканска Република. Четирите најлошо-поставени европски земји се: Босна и Херцеговина (91), Албанија (88), Белорусија (61) и Молдавија (59).

Жителите на двете земји со најбројна населеност се сместени долу на листата. Индија има пасош со кој може да се влезе во само 52 земји, додека Кина во 44 земји.

Македонија се наоѓа на одличното 38-мо место со 103 земји за кои не и’ е потребна виза. Се наоѓаме пред Русија, Црна Гора, Турција, Украина и уште речиси 100 други земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top