| четврток, 6 декември 2018 |

Се укинува „највисоката“ тајна: Швајцарија ги отвора банкарските сметки

Швајцарија ја укинува банкарската тајна, која досега беше „највисока“ тајна, по потпишувањето на на меѓународната спогодба за борба против затајувањето на даноци, соопшти денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД)

Со учеството на Швајцарија во размената на информации со 60 земји е од големо значење за борбата против затајувањето на данок, рекол Паскал Сен Аманс, шефот на даночниот сектор на ОЕЦД.

Генералниот секретар на ОЕЦД Анхел Гурија рекол дека со потпишувањето на Меѓународната конвенција се испраќа  јасна порака дека Швајцарија е дел од заедницата на земји кои соработката околу даноците ја сметаат за неопходна.

Швајцарската банкарска тајност е воспоставена пред Втората светска војна и на жртвите на нацистичкиот прогон им дала начин на заштита на своите средства. Движењето да се укине оваа тајност почнало по финансиската криза во 2008 година и кризата во еврозоната.

Конвенцијата досега ја потпишале членките на  Групата 20 водечки економски сили и уште 40 земји.

Швајцарија долго време се противеше на симнувањето на банкарската тајна, а нова пречка се јавува при ратификацијата на конвенцијата во Швајцарскиот парламент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top