
Министерството за надворешни работи на Грција синоќа соопшти дека хакери влегле во интерниот систем за електронска пошта на Министерството и оти во тек е истрага за да се утврди степенот на штетата.
Групата активисти „Анонимуси“ на интернет објави дека извршила успешен упад во директориумот за електронска пошта на Министерството.
Во тек е истрага за условите и за степенот на упадот, кој е извршен главно во материјали кои вообичаено се разменуваат преку електронска пошта, вклучувајќи и многу соопштенија, се вели во соопштението од грчкото МНР.
Во исто време, на социјалните мрежи беа објавени информации дека се работи за „големо протекување информации“ кое вклучува околу 3.700 документи, меѓу кои и доверлив материјал од Министерството за надворешни работи и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Дел од наводно хакираниот материјал бил објавен и на веб-страницата за споделување датотеки „Имгур“.
Меѓу објавените документи имало медиумски критики за грчкото МНР од Романија и Албанија, извештај за безбедност на грчката разузнавачка служба, документ на Советот на ЕУ за односите со Косово и извештај на Советот на Европа за перење пари во Албанија.
Хакерската група „Анонимуси“ и претходно има нападнато други веб-страници на грчки државни служби, во знак на протест против мерките за штедење кои ЕУ и ММФ ѝ ги наметнуваат на земјата веќе четврта година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании
-
Хакери украле 15 милиони долари од повеќе банки во Мексико
-
Од овие српски хакери се тресеше Европа: Две момчиња од Прокупље и Рума ги воделе нападите на сајтови во цел свет
-
Вашингтон: Системите на 21 сојузна држава биле цел на хакери пред ланските избори


