
Двајца што присуствувале на свадба во Славонија биле тешкоповредени откако во непосредна близина на поворката со гости експлодирала импровизирана топовска граната, пишува „Данас“.
За инцидентот се осомничени две лица на возраст од 32 и 47 години, кои сами направиле топ, кој потоа го наполниле со барут и со хартија, а проектилот го истрелале пред куќа во моментот кога се движела свадбена поворка. Покрај двајцата повредени гости, оштетени се и две куќи и два автомобила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


