Шпанскиот весник „АС“ објави интересен текст во кој се прашува дали Реал Мадрид погрешил со купувањето на Герет Бејл.
Овој весник пишува дека од 2007-ма година Герет Бејл имал дури 27 повреди. Летото 2007-ма година од Саутемптон Велшанецот се пресели во Тотенхем, каде во 27 наврати имаше проблеми со повредите, некои поголеми, а некои помали.
Од јануари 2011-та година до денес Бејл претрпе 18 повреди. Поради тие проблеми пропушти дури 74 натпревари за Тотенхем и за Реал Мадрид, а на некои мечеви настапуваше и полесно повреден.
Во спомнатиот период тој имаше и две потешки повреди. Во декември 2007-ма година имаше операција на десниот скочен зглоб и поради тоа не играше до крајот на сезоната, а во јуни 2009-та година имаше операција на левото колено поради што паузираше три месеци.
Бејл во Реал пристигна ова лето од Тотенхем за неверојатни 100 милиони евра. Сепак, Велшанецот поради повреди досега пропушти четири меча во Примера и една во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


