| четврток, 6 декември 2018 |

Асад:Требаше да ја добијам Нобеловата награда за мир

Наместо Организацијата за забрана на хемиско оружје, Нобеловата награда за мир требаше да ми припадне на мене, ова на шега го изјави Башар ал-Асад, Сирискиот претседател.

Според пишувањето на просирискиот либански весник „Ал-Акбар“, Асад  оваа забелешка ја кажал со „шеговит“ тон, коментирајќи ја одлуката на Нобеловиот комитет наградата да и ја додели на ОЗХО, меѓувладината организација која има рок до средината на 2014 година, во согласност со одредбите од руско-американскиот договор, за го уништи  сирискиот хемиски арсенал.

„Ал-Акбар“ потсетува дека Асад уште во 2003 година предложи сите земји во регионот да го предадат сето  оружје за масовно уништување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top