| четврток, 6 декември 2018 |

Неуспешно простирање на алишта

44 годишната З.Б. од скопско Студеничани завршила со скршеница на бутната коска на левата нога откако паднала од прозорец

 

alista

Несреќата се случила вчера околу 7:30 часот кога З.Б. на горниот кат од куќата простирала алишта на жица до прозорецот. Во еден момент жената добила вртоглавица по што од прозорецот паднала во дворот и се здобила со тешки телесни повреди.

По не среќата жената е пренесена и задржана на лекување во болницата „Св.Наум Охридски“, каде лекарите  и’ констатирале скршеница на бутната коска на левата нога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top