Познатиот голфер Рори Мекилрој ја прекина врската со тенисерката Каролине Вознијачки.
Извор близок на една од најпознатите двојки во светот на спортот, вели дека главната причина за прекинот е тоа што Мекелрој посакува повторно да стане голфер број 1.
-Вистина е, тие ја прекинаа врската. Минуваат низ тешко време, но така веројатно е најдобро за двајцата. Имаше многу солзи. – вели извор близок до дуото врвни спортисти..
Мекилрој и Вознијачки беа во врска повеќе години, а медиумите веќе почнаа да се шегуваат на нивна сметка. Американскиот „bleacher report.com“ објави фотографија на Мекилрој како спие со отворена уста, и наведува дека незгодниот стил на дремка на голферот бил главната причина за раскинувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.