
Илјадници луѓе протестираа во Барселона, со цел да им покажат на каталонските сепаратисти дека не подржуваат одвојување од Шпанија. Под слоганот “Ние сме Каталонија, ние сме Шпанија , не има 47 милиони“ голем број граѓани изразија незадоволство од идејата за независност на Каталонија.
“Голем број од луѓето овде се против независност, затоа што ако тргнеме по тој пат , Шпанија ќе биде мала“, изјавија демонстрантите.
Претседателот на Каталонија пак Артур Маш ја промовира идејата за одржување на референдум за независност на тој регион. Собирот на градскиот плоштад во Барселона временски се поклопи со националниот ден на Шпанија кој се одбележува со воена парада во Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


