Македонката од Австралија Дана Вулин, која заврши со целосно изгорено лице откако Натали Димитровска ја поли со запаллива течност поради тоа што била во афера со нејзиниот сопруг, проговоре за телевизијата „Канал 7“.
Димитровска беше осудена на 17 години затвор, а Вулин ќе остане со изгореници и деформирано лице до крајот од животот.
– Бев сосема скршена. Морав да прифатам дека никогаш повеќе нема да изгледам како што изгледав. Душата ми беше скршена, чувствував како ја губам. Го покрив лицето со моите раце, почнав да врескам и веќе наредниот момент бев во пламен. Тие се смееја. Ме гледаа како горам и истрчаа од мојот стан. Луѓето велат дека мора да ја мразам , но јас не ја мразам. За да се мрази некого треба непотребно многу да се троши и време и енергија. Таа за мене е само едно ништо. Таа не ме победи. Ментално јас сум истата, но ми го уништи лицето, ми го уништи мојот изглед, а тоа беше доволно за неа – изјави Вулин
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


