| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: ВМРО со вработувањата остварува, ама тесно-партиски интереси

sdsm

-Во Македонски шуми, зад параванот на социјални вработувања, остваривте, ама тесно-партиски интереси. Тажно и срамно! Поигрувајќи се со надежта на најранливата категорија граѓани. Социјалните случаи! – посочи на денешната прес-конференција на СДСМ, Хари Локвенец, член на Извршен одбор.

Притоа СДСМ побара неколку одговори од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која обвини дека се манипулација тврдењата дека биле вработени луѓе исклучиво блиски до ВМРО-ДПМНЕ:

  • Како меѓу вработените од Гостивар, во групата, внимавајте, на самохрани родители, е вработен член на ВМРО-ДПМНЕ, кој има сопруга? Сопственичка на фризерски салон. А и тој самиот има приватна фирма?
  •  Како, според нашите податоци од теренот, од Свети Николе се вработени 21 лице, сите до еден поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ?
  •  Како од Карбинци е вработено лице кое веќе работи во конфекција, кој има сопруга, која исто така зема плата од работа во конфекција? Со нив живее и мајка му која прима пензија, а поседуваат и сопствен автомобил? Или, од истата општина, е вработен човек кој живее со мајка пензионерка, работат ниви, имаат стан во Штип и автомобил? И сите се членови на ВМРО-ДПМНЕ?!
  • Како од двете вработувања во Вевчани и двете се членки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ? Едната и претходно вработувана со договори за дело во јавни претпријатија за партиски заслуги?
  • Како од 44-рицатата примени од Охрид, во Македонски шуми, 9-мина воопшто не постојат? Исто како што меѓу 30-темина примени од Струмица, дури 12 НЕ ПОСТОЈАТ? Воопшто не постојат нивните имиња!

СДСМ запраша дали вака премиерот Никола Груевски и министрот Зоран Ставрески остваруваат.

– СДСМ ја повика Владата да ги објави рангирањата на сите 23 илјади пријавени кандидати, вклучувајќи ги и 1600-те вработени, но тоа до овој момент не се случи. Aко не се достапни базите на податоци, како ќе се знае дека навистина се вработени 1600-тини лица? Бараме одговор од Груевски и Ставрески. Што криете? Дополнителни манипулации со најранливата категорија граѓани? Со необјавувањето на ранг листата, на луѓето кои не добиле работа, а се вистински социјални случаи, одземено им е правото на приговор. Врз основа на која споредба на податоци тие ќе ја основаат својата жалба? Или тоа е вашата цел? СДСМ бара Владата веднаш да престане со потценувањата и поигрувањата со сопствениот народ. Ако е се чисто во Конкурсот за Македонски шуми, нема од што да стравуваат. Како што тврдат дека јавно во телевизиското ЛОТО ШОУ доделиле 1600-тини вработувања, така јавно треба да ги објават бодувањата и ранг листата в- додаде Локвенец.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top