И официјално потврдено дека „Достоинство“ ја напушти коалицијата со СДСМ. Причината, според лидерот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов се значајните концепциски разлики со политичките партнери.
-Посебно сме задоволни од начинот на раздружување со СДСМ и останатите партии од Сојузот а иднината, зашто раздружувањето на се случува како што е вообичаено кај нас, туку со еден висок тон на демократска култура и взаемно почитување – соопшти Ангелов, потсетувајќи дека „Достоинство” ќе продолжи да го докажува својот патриотизам и дека нема да се откаже од борбата за спас на Струга, Кичево, Гостивар, Тетово и сите останати македонски градови и села кои се загрозени со „големоалбанскиот екстремизам“.
.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


