
Најмалку 11 луѓе загинале при потонување на брод во северниот дел на Бразил за време на денешната традиционалнагодишна верска процесија посветена на Дева Марија. Четри лица се водат за исчезнати. На бродот имало стотина учесници во речната процесија, а имал дозвола за превоз на најмногу 40 патници. Несреќата се случила додека бродовите се враќале во пристаништето.
Традиционалната процесија во рамките на фестивалот посветен на Девицата од Назарет се одржува секоја година во амазонскиот град Белема, при што учествуваат приближно два милионио луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


