
Во последниот квалификациски натпревар фудбалската репрезентација на Македонија ќе настапи без својот најдобар играч Горан Пандев. Тој на барање на неговиот клуб Наполи веднаш по враќањето од Кардиф каде го одигра натпреварот со Велс заминал во Италија како би можел подобро да се подготви за престојниот дерби нaтпрeвар од италијанското првенство против екипата на Рома кој неговиот тим го игра во петок, пишува Телеграф.
Вакво барање Наполи доставил и до Швајцарскиот фудбалски сојуз за ослободување на Инлер, Бехрами и Џемаили. Швајцарија веќе се пласираше на светското првенство што ќе се игра следната година во Бразил.
Покрај Пандев од составот ќе отсуствува и Шиков поради парни жолти картони, а неизвесен е и Мирко Ивановски кој се пожалил на повреда по мечот со Велс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


