Претседателот на поранешна Југославија Јосип Броз Тито немаше југословенско потекло, се наведува во документот за фонетската анализа на јазикот на кој говорел, а кој неодамна е објавен на сајтот на американската Централна разузнавачка служба (ЦИА).
Во документот, од кој неодамна е симната ознаката тајност, се констатира дека Тито говорел „српско-хрватски, кој наводно му бил мајчин јазик, но со странски акцент“.
Во деталната анализа на евентуалните јазици, кои би можеле да му бидат мајчини на лидерот на СФРЈ се наведени рускиот и полскиот.
– Самогласникот „и“ исто така се изговара после меките и тврдите согласници во српско-хрватскиот јазик. Од друга страна оние чиј мајчин јазик е рускиот или полскиот веројатно двата збора би ги изговарале со помеко „н“. Тоа е всушност Титовиот изговор на српско-хрватскиот јазик и тој најдобро се опишува како странски акцент, се наведува во анализата, чии делови пренесува српскиот весник „Политика“.
Авторите на документот велат дека е логично да се претпостави дека Тито бил Полјак или Русин, но нагласуваат дека неговиот идентитет може само да се претпостави. Тие напоменуваат дека Тито сигурно немал југословенско потекло.
Авторите уште наведуваат дека токму „нејугословенското“ потекло на Тито може да ја појасни неговата непристрасност и неговиот успех во решавањето на различни проблеми и судири меѓу етничките групи во поранешна Југославија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Исповед на пилотот на Тито: Воспоставивме контакт со НЛО
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија
-
Тито имал сечила со натприродна моќ: Му ги подарил…
-
Тилерсон доби отказ бидејќи Трамп го нарекол „морон“? Трамп го избегна одговорот…(видео)