| четврток, 6 декември 2018 |

Полициска бруталност: На жена скршија коска на лице (видео)

brutalnost

Сигурносните камери во полициската станица во Илиноис симиле вознемирувачка сцена од бруталноста на полицијата над жена притворена поради возење под дејство на алкохол. На крај заврши со глава на бетон, поради што била оперирана.

brutalnost2
Откако е уапсена четириесет и седум годишната жена побарала да се јави на својот сопруг и ја извеле од келијата на кратко.
По ова се гледа како полицаец ја фрла назад во келија со лице кон напред, така што удрила со глава бетонска клупа која се наоѓа во келијата. Поради силината со која полицаецот ја турнал заработила скршеница на коската на лицето.

brutalnost3
Ова се случило во март годинава, а сега жената ја тужи полицијата. Обвинението против неа е отфрлено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top