
По вчерашната победа, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето на турнирот во Русе, Бугарија, откако ја совлада четвртата носителка Михаела Боев со 7:6, 6:0. Ѓорческа успеа да го добие првиот сет во тај-брејк, а потоа и дефинитивно го скрши отпорот на противничката и во вториот сет беше доминантна.
Во полуфиналето македонската тенисерка ќе се сретне со прворангираната тенисерка на турнирот, Бугарката Изабела Шиникова, која се наоѓа на 376. место на листата на ВТА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


