| четврток, 6 декември 2018 |

Профитот на Фејсбук падна во бездна

Профитот на Фејсбук за 2012 година опадна за 95 проценти. Во 2011 година, бројката изнесуваше 1 билион долари

Facebook Stock
Во четвртиот квартал, приходите на Цукерберг се намалени за 79 отсто, а трошоците се зголемиле за 82 отсто.

Претставниците на „Фејсбук“ објаснија дека ситуацијата се должи на повисоките трошоци за истражување и развој. Сепак, постојат и многу позитивни аспекти. На пример, приходите од рекламирање во четвртиот квартал биле највисоки во 2012 година, информираат од компанијата.

Како резултат на тоа, акциите на „Фејсбук“ паднале за 3,5 проценти на крајот на тргувањето по почетниот пад од 11 проценти.

Извештајот на „Фејсбук“ покажува дека во четвртиот квартал на 2012 година, бројот на луѓе кои влегуваат во социјална мрежа од мобилни го надминал бројот на посети од персонални компјутери за првпат во историјата на компанијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top