| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските фудбалери слетаа во Велс, очекуваат победа

Македонската репрезентација попладнево, некаде околу 14:30 часот по македонско време, пристигна во Кардиф каде утре од 20:45 часот ја очекува претпоследниот натпревар од квалификациите за СП 2014 против селекцијата на Велс, известуваат од порталот ЕКИПА.МК

Kardif 1

Водени од оптимистички мисли, од денеска нашите репрезентативци финалните подготовки за дуелот ќе ги реализираат на Островот верувајќи дека утре може да се дојде до посакуван позитивен резултат.

„Добро работевме изминативе денови во Скопје, па сигурен сум дека сите фудбалери се максимално подготвени уште еднаш да покажат дека поседуваат квалитет за триумф против Велс. Верувам дека овој пат ќе биде сосема поразличен натпревар од оној во Скопје, но токму и поради тоа со одредени тактички измени ќе им парираме на агресивните домаќини како би дошле до посакуваниот позитивен резултат“ – истакна веднаш по слетувањто во главниот град на Велс, селекторот Зоран Стратев.

Kardif 3

Македонските репрезентативци по сместувањето во хотелот „Хилтон“ во центарот на Кардиф и малиот одмор, вечерва од 20 часот ќе го имаат и предвидениот официјален тренинг на Градскиот стадион. Според нашите информации од стручниот штаб планираат полесен, релаксациски, тренинг и во утрешните утрински часови, но терминот на истиот евентуално би бил дополнително утврден.

Велшаните незаинтересирани за дуелотАпсолутно невидлив е, по нашето пристигнување овде во Кардиф, интересот на велшките медиуми за утрешниот натпревар меѓу двете селекции.  Нашиот тим, по малку изненадувачки кога се работи за островјаните, не беше пречекан буквално од ниту еден медиум. Интересно, но репрезентативците беа запирани единствено од мал број велшки навивачи на кои им поделија по некој автограм. Како што не информираа домаќините, со оглед на веќе загубените шанси на Велс за некаков добар резултатски крај во квалификациите скромен е интересот и за утрешниот натпревар. На Градскиот стадион во Кардиф се очекува да има околу 7.000 навивачи. Капацитетот на стадионот е  25.000 седишта.

Извор:екипа.мк

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top