Утре на програмата се претпоследните квалификациски пресметки за пласман на Светското фудблско првенство во Бразил идната година.
Македонија во Кардиф ќе и гостува на селекцијата на Велс а меѓу другите, ќе играат Данска и Италија.
На еден од тренинзите на данската фудбалска репрезентација, одбранбениот играч на англискиот клуб Ливерпул Даниел Агер, предизвикал непријатна ситуација.
Имено, подготвоките на Скандинавците во пресрет на утрешниот дуел со селекцијата на Чезаре Прандели, на стадионот во Хелсингор, биле отворени за публиката, а по еден шут на Агер, топката завршила во лицето на момче крај теренот.
Младиот навивач по ова се нашол на земјата и плачел, меѓутоа Агер веднаш ја прескокнал оградата, му пришол и му се извинил. Како надоместување за „прецизноста“, му го подарил тренинг дресот на својот национален тим.
Другарите на младото момче биле воодушевени, а дека тој поминал одлично сведочи и тоа што подоцна со подарокот се фалел давајќи изјава за телевизиските репортери.
httpv://www.youtube.com/watch?v=7TpBFAvPcEE
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот



