| четврток, 6 декември 2018 |

Има ли и кој гради ѕид меѓу Турција и Сирија?

turcija sirija granica

Турски тенк патролира на границата со Сирија

Турција демантира дека гради ѕид на границата со Сирија, наспроти тврдењата на градоначалникот на еден пограничен град и на локални жители дека изградабата веќе почнала, објави турскиот весник „Тудејс заман“.
На средба во Анкара посветена на сириските бегалци, вицепремиерот Висер Аталај ги отфрли информациите за изградба на ѕид, но додаде дека се прават напори за зголемување на безбедноста на регионот.
Турските медиуми претходно јавија дека во регионот на градот Нусајбин во округот Мардин почнале подготовки за изградба на ѕид за да се спречи илегалното преминување на границата и шврец.
Претставник на округот Мардин за „Тудејс заман“ изјави дека градежните активности не ги вршат властите на округот и дека немаат информации за што станува збор.
Турските медиуми, исто така, објавија дека друг ѕид со должина од околу два и пол километри ќе биде изграден во близина на граничниот премин во округот Килис, на 10 километри од сирискиот град Азиз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top