Напаѓачот на Ливерпул Луис Суарез тврди деке веќе нема да прави проблеми бидејќи се смирил.
– Свесен сум дека сум смирен во последните натпревари што ги одиграв. Јас сум многу самокритичен и сфатив дека смиреноста ми помага – вели Суарез.
Враќањето на премиерлигашките натпревари, по десет меча суспензија, е дополнителен мотив за Суарез.
– Бев среќен што можев да играм за репрезентацијата, а сега кога се вратив во Ливерпул на терените, тоа е дополнителна среќа – додаде Суарез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.