Ми претставува огромно задоволство денеска пред македонската јавност да ја претставам суштината и мерките за идното политичкото дејствување на СДСМ со цел, да понудиме квалитетна алтернатива на политиките на оваа власт. „Да ја вратиме средната класа“ е основната порака на новата Програма на СДСМ. Слоганот прецизно го отсликува фокусот на СДСМ кој е насочен кон враќање на значењето, позицијата и достоинството на огромното мнозинство граѓани на Република Македонија кои припаѓаат или треба да припаѓаат на средните општествени слоеви. Нема демократија без средна класа. Нема напредок без стабилна средна класа која чувствува дека политиката и носи подобар живот и отвара повеќе шанси – изјави денеска Зоран Заев, лидерот на СДСМ.
Тој го промовираше проектот за враќање на средната класа во Република Македонија, наречен „Проект за повраток на ДДВ на секој граѓанин“.
– Нашиот предлог е: на секој граѓанин, или попрецизно, на секој краен потрошувач да му се враќаат 15 проценти од платениот ДДВ. Какви ќе бидат ефектите од примената на оваа економска мерка:
– со враќањето на 15 проценти од ДДВ-то, на граѓаните ќе им бидат вратени 8 милијарди денари (околу 130 милиони евра) годишно;
– На пример, на фискална сметка од 10.000 денари, за која се плаќа ДДВ во износ од 1.800 денари,15-те проценти од ДДВ-то што им се враќаат на граѓаните изнесуваат 270 денари;
– ова значи помеѓу 20 и 30 илјади денари годишно за секое семејство во Република Македонија кое поседува фискални сметки;
– Со можноста за повраток на 15 проценти од платениот ДДВ, секој граѓанин ќе има мотивација да инсистира на издавање фискални сметки. Всушност, така сите граѓани би ја имале улогата на „даночни инспектори“;
– Преку тоа, ќе се избегне криењето на вистинскиот промет и плаќање данок и сериозно ќе се намали таканаречената „даночна евазија“ која сега, според последните податоци на Управата за јавни приходи изнесува 35 проценти, а деновиве беше објавено дека непријавувањето данок изнесува дури 60 проценти;
– Управата за јавни приходи ќе нема основ за заплашување и затворање на фирми и дуќани заради даночна недисциплина;
– На ваков начин се зголемува потрошувачката моќ на граѓаните;
– Враќањето на ДДВ-то кон граѓаните ќе се прави квартално, на секои три месеци;
– По враќањето на целокупниот износ на ДДВ кон граѓаните, во буџетот на Република Македонија ќе останат околу 2 милијарди денари, (или над 30 милиони евра) повеќе пари отколку сега – додаде Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)